ОБУКАТА НАМЕНЕТА ЗА ИНДУСТРИЈАТА ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ 12.9.2016
Во среда /14.09.2016 година/ во 12 часот, во салата на Советот на Град Скопје (бул.Илинден бр.82, барака 14) Градот Скопје ќе организира обука наменета за индустријата за храна и пијалаци, на тема „Претворање на неискористен отпад од храна во биометан обезбеден преку локална мрежа на пумпни станици“.
ПРОГРАМА
12:00 – 12:15 Регистрација на учесниците
12:15 – 12:30 Презентација на проектот Bin2Grid: „Претворање на неискористен отпад од храна во биометан обезбеден преку локална мрежа на пумпни станици“, Драги Митковски, помошник раководител во Секторот за комунални работи, Град Скопје
12:30 – 12:45 „Македонското законодавство и храната како ресурс“, Ана Мазнева Каранфиловска, раководител на Сектор за отпад, Министерство за животна средина и просторно планирање
12:45 – 13:00 „План за собирање и третирање на отпад од храна и пијалаци“, ЈП Комунална хигиена
13:00 – 13:15 „Програма за третирање на органски отпад“, Горан Ангелов,извршен директор, ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО
13:15-13:30 „БИОГАС“, д-р Фоти Видинов,ДВМ, Агенција за храна и ветеринарство
13:30-14:00 Дискусија
Оваа обука се одржува во рамки на Европскиот проект Bin2Grid, проект кој е насочен кон промоција на сегрегирано собирање отпадоци од храна од специфични и различни производители на отпад (храна и пијалак, угостителство/кетеринг, граѓаните), со цел да се произведува биогориво (биометан) и да се користи преку локалните мрежи на бензински станици. Концептот на реализација на активностите во градовите се заснова врз организирање различни настани, вклучително и работилници, средби со заинтересираните страни и студиски престои.
Проектот се реализира во 4 градa, и тоа: Загреб (Хрватска), Скопје (Македонија), Малага (Шпанија) и Париз (Франција).
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на телефон 02/3207-525 или на електронска пошта - Emilija.Cvetkovska@skopje.gov.mk
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
