ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА КУПУВАЊЕ ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ 12.10.2016
Од денеска /12.10.2016/ почнува пријавувањето за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 година.
Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Град Скопје, кои ќе купат печка на пелети за затоплување на својот станбен простор по денот на објавување на овој јавен повик и ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото за надоместок.
Пополнет образец за барање, кој содржи и изјава дека барателот нема искористено право на надоместување средства за купување печка на пелети, на друг јавен повик од кој било извор во Република Македонија. Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Град Скопје на следниов линк JАВЕН ПОВИК.
Купувачот на печка на пелети своето барање за искористување на правото за надоместување на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Градот, секој работен ден од 09:30 до 15:00 часот.
Градот Скопје, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 30.11.2016 година
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
