ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈУСПЕШНИТЕ УЧИЛИШНИ ТИМОВИ НА НАТПРЕВАРОТ ЗА НАЈДОБРА БИЗНИС СОЦИЈАЛНА ИДЕЈА 13.5.2016

Во Салата на Советот на Град Скопје, денеска (25.04.2016 година),  Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, свечено им ги врачи наградите на училишните тимови-победници на натпреварот за најдобра социјално-претприемачка идеја. Покрај сертификатите и плакетите, сите членови на победничките училишни тимови (ученици и ментори), добија и парична награда.

- Навистина ми претставува големо задоволство што денеска заедно со сите Вас учествувам во завршниот дел на проектот „Развивање на вештини и способности на учениците за социјално претприемништво“ и воедно големо задоволство што имам можност да им ги доделам наградите на училишните тимови – победници на натпреварот за најдобра социјално претприемачка идеја. Градот Скопје изминатиов месец реализираше проект за промоција на концептот за социјално претприемништво кај учениците од средните училишта, со основна цел: да се зголеми интересот кај младите за оваа област, како и да се поттикнат да размислуваат за создавање социјални бизниси како можност за развој на сопствена кариера но, и на општеството во целина. Сметам дека е особено важно да ги поддржиме младите во создавање на иновативни деловни модели со кои ќе се посветат на општествените проблеми во своите заедници преку поврзување на економски и социјални цели. Затоа наша одговорност е на учениците да им понудиме практични искуства преку кои ќе стекнат конкретни вештини за изработување на деловен план, а ќе се подобрат и нивните  претприемачки способности. Искрено се надевам дека со овој проект придонесовме да се зголеми свесноста кај младите за нивниот општествен контекст и да се изгради сензитивност и вештини со кои соодветно ќе се посветат на потребите на заедницата. Ме радува фактот дека дури 17 училишни тимови (заедно ученици и професори) зеле  учество на натпреварот и покажале навистина квалитетни идеи и сериозни познавања во оваа област. Верувам дека и натаму ќе работите на развој на вашиот претприемачки дух и способности, пред се заради зголемување на вашата конкурентност на пазарот.  Ви пожелувам успех во вашето натамошно школување, а во иднина Ве гледам како лидери на домашната бизнис сцена, изјави на доделувањето на наградите градоначалникот Трајановски.

Град Скопје во соработка со проектот на УСАИД ЈЕС Мрежа, а на иницијатива на  Локалниот Економско Социјален Совет, изминатиов месец, реализираше проект за промоција на концептот за социјално претприемништво кај средношколската младина.

Во рамките на проектот беше организирана тридневна обука за концептот и важноста на социјалното претриемништво и поттикнување на развојот на социјални компании. Обуката ја следеа наставници кои го предаваат предметот бизнис и претприемништво и ученици од трета и четврта година од сите средни училишта во Град Скопје.

По обуката кoja опфати околу 60-тина учесници, секој училишен тим имаше време да развие една бизнис идеја поврзана со социјално претприемништво која беше претставена во вид на апликација со која се најавуваше учество во претстојниот натпревар.

Натпреварот  се одржа на 25-ти март, во СУГС„Боро Петрушевски,“ и на истиот беа презентирани идеите на 17 тимови од средните училишта на Град Скопје. Петчлено жири, составено од претставници од Секторот за образование и од ЛЕСС на Град Скопје, Проектот на УСАИД ЈЕС Мрежа, како и претставници од бизнис секторот, односно социјални компании го оценуваа квалитетот на пристигнатите идеи, според однапред утврдени критериуми.

Првото место на натпреварот го делеа   училишниот тим на СУГС„Боро Петрушевски“, во состав:

  • Филип Богоевски (ученик)
  • Виктор Рајчин (ученик)
  • Андреј Боцевски (ученик)
  • Мартин Николоски (ученик)
  • Ѓоко Цветковски (ученик)
  • Халиме Демир-Хоруни (ментор)
  • Александар Стрезов(ментор)

 и училишниот тим на СУГС„Владо Тасевски“ во состав:

  • Даниел Стојковски (ученик)
  • Оливер Стојаноски (ученик)
  • Весна Живаљевиќ (ментор)
  • Елисавета Ангеловска (ментор)

Второто место  го делат училишниот тим на СУГС„Д-р Панче Караѓозов“ во состав:

  • Марија Поповска (ученичка)
  • Јован Амбарков (ученик)
  • Дарјан Живадиновиќ (ученик)
  • Изабела Јакимова (ученичка)
  • Ацо Ѓоргиевски (ментор)
  • Благојче Ѓорчевски (ментор)

и училишниот тим на СУГС„Раде Јовчевски-Корчагин“ во состав:

  • Камелија Поповска (ученичка)
  • Данаил Кржаловски (ученик)
  • Бојан Стефановски (ученик)
  • Стефан Солев (ученик)
  • Анамарија Радојкова (ученичка)
  • Лидија Стојчева (ментор)

Третото место  го делат училишниот тим на СУГС„Георги Димитров“ во состав:

  • Марија Трпчевска (ученичка)
  • Марија Боцевска (ученичка)
  • Мариела Клековска (ученичка)
  • Кристина Миловановиќ (ученичка)
  • Михаил Трпчевски (ученик)
  • Тијана Јанковска (ученичка)
  • Надица Пиперевска Цветковска (ментор)
  • Весна Петрова (ментор)

 и училишниот тим на СУГС„Никола Карев“ во состав:

  • Ѓорги Пејковски (ученик)
  • Ангела Јовановска (ученичка)
  • Јована Илијева (ученичка)
  • Снежана Бошковска (ментор)