СЕ ОДРЖА РАБОТИЛНИЦА ЗА СТРАТЕГИЈА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ НА ГРАД СКОПЈЕ 13.6.2016
Денеска /13.06.2016 година, понеделник/ во хотел Арка, во организација на Град Скопје и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), се одржа работилница на која се дискутираше за изработката на Стратегија за климатски промени на Град Скопје.
Оваа работилница се организира како активност во рамки на Проектот „Зголемување на урбаната отпорност со употреба на ИКТ за вклучување на намалување на ризикот од катастрофи и климатски промени во Ерменија, Македонија и Молдавија“.
На денешната работилница учествуваа претставници од Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Управата за хидрометеролошки работи на Македонија, универзитетски професори и експерти од оваа област.
Проектот „Зголемување на урбаната отпорност со употреба на ИКТ за вклучување на намалување на ризикот од катастрофи и климатски промени во Ерменија, Македонија и Молдавија“ има за цел изградба на отпорност спрема природните и климатските катастрофи во трите држави преку зголемување на институционалниот капацитет, мобилизација на знаењето и трансферирање на соодветните, најдобри во праксата, иновативни технологии.
Во рамките на проектот се рализираат активности за изработка на Стратегија за климатски промени на Град Скопје, која во себе ќе вклучи дел за намалување (митигација), дел за приспособување (адаптација), како и преглед на преземените мерки од градот и препораки со акциски план.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
