ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ НА РАБОТНА АКЦИЈА ВО НАСЕЛБАТА ЕКОНОМИЈА 13.8.2016
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и денеска /13.08.2016 година, сабота/, како и претходните денови, е на терен во поплавените подрачја во Скопје каде ја координира работата на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје.
Заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, градоначалникот Трајановски беше во населбата Економија, каде им се приклучи на жителите, работниците и волонтерите во расчистувањето на куќите и вадењето на уништената покуќнина и градежен отпад. Претходно во ова населено место, по неколкудневна интензивна работа на јавните претпријатија и АРМ, скоро целосно е завршен процесот на вадење на водата од домовите и дворовите.
- Сиот шут, ѓубре и уништена покуќнина се вади од куќите и дворовите и се истовара во оваа локална мини депонија, по што големи камиони го собираат и го носат во депонијата „Дрисла“. На овој принцип работиме во сите населени места кои беа погодени од невремете, а постои огромна депонија кај основното училиште во Сингилиќ која ја празниме со голем број на камиони. Поради големата количина на материјал, празнењето го правиме и преку ден и навечер. Вечерва и утре повторно ќе работиме со полн капацитет и ќе се реализираат големи акции за чистење и се надевам дека во понеделник состојбата ќе биде далеку подобра – кажа градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот на Гази Баба Трајковски изјави дека на одредени места состојбата полека се враќа во нормала и дека во одредени места е започнато вршењето на дезинфекција на куќите.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
