РЕАКЦИЈА 14.6.2016
Почитувани од СДСМ,
Немајќи идеи за подобро Скопје и поради недостиг од програми и проекти за подобрување на животот на граѓаните, на различни начини се обидувате да го минимизирате тоа што е направено во Скопје, во изминативе години.
Вашата нервоза е видлива секојдневно, па би сакале да Ве прашаме зошто ви пречат проширените и реконструирани булевари, изградените кружни текови, катни гаражи, новите и уредени паркови, новото зеленило...?
Во ревизорскиот извештај што го спомнувате тврдите дека се укажува на бројни злоупотреби во работењето на Град Скопје. Во врска со ова, сакаме да Ве повикаме да не го читате овој ревизорски извештај селективно, зашто во истиот извештај не се најдени никакви „криминали“, како што Вие тврдите и обвинувате.
Град Скопје ги повикува сите надлежни институции да ја проверат целокупната документација во врска со кој било проект на Град Скопје и да се уверат во законитоста на постапките при спроведувањето на капиталните проекти.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
