БОГАТА ПРОГРАМА НА „ЗВУЦИТЕ НА ЧАРШИЈАТА 2016“ И НА „СИТЕ ЗАЕДНО“ 14.9.2016
На тесните улички на Старата скопска чаршија утре /15 септември, четврток/ и на 16 септември, петок, ќе се одржат манифестациите „Звуците на чаршијата“ и „Сите заедно“„ тие ќе бидат домаќини на голем број уметници кои ќе творат и ќе ги забавуваат скопјани.
Преку многубројните концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија, презентација на занаети и годинава Старата скопска чаршија ќе живее во духот на традицијата.
„Звуците на чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација којашто годинава се одржува по 10 пат и има за цел да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија.
Програмата на манифестациите „Звуците на чаршијата" и „Сите заедно“, ќе биде богата, а присутните граѓани ќе имаат можност утре 15 септември /четврток/, на плоштадот Филип Втори од 21:00 часот, да уживаат во настапот на Kida&Mozzik и бендот „Тyzze", а на 16 септември /петок/ во 12 часот да се забавуваат со Dens, потоа во изведба на староградси македонски песни, во настапот на група на млади музичари на класични инструменти, ликовна колонија, културно уметнички друштва и литературна вечер до 20 часот, а од 21 до 24 часот на плоштадот Филип Втори, ќе се одржат настапите на: Банд, Full Stop, DhurataDora, McKresa&Lirical son.
Градот Скопје од својот буџет за реализација на манифестацијата „Звуците на чаршијата“ издвои 900. 000 денари, а за „Сите заедно“ 400.000 денари.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
