РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕ НА СДСМ 15.6.2016

Почитувани,

Градот Скопје сака да ја информира јавноста во однос на извршената сеча на дрва на планината Водно која што се случи пред неколку денови.

Веднаш по добивањето на информацијата за оваа појава, инспекциските служби на Град Скопје и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ веднаш излегоа на терен и извршија увид на состојбата. Во моментов се врши проценка на активностите и настанатата штета и доколку се утврдат било какви прекршувања за законите и прописите, за одговорните за овие дејствија ќе следуваат санкции, без разлика кој и да се тие.

Градот Скопје сака да реагира и на дел од соопштението на СДСМ во однос на состојбата со парковите, дрвјата и зеленилото во главниот град. Изминатиов период од СДСМ во континуитет, крајно неуспешно, се убедуваат да ја убедат јавноста за наводното намалување на зелени површини и бројот на дрвја, како и тоа дека Градот Скопје не превзема ништо на ова поле.

 

За потсетување,

 

- На јавните површини во Скопје екипи на Градот Скопје досега засадија над 70.000 листопадни, зимзелени и грмушести садници, како и 1,5 милиони цвеќиња.

- По должината на проширениот булевар Митрополит Теодосиј Гологанов уреден е новиот парк „Македонија“ со површина од 62.000 квадратни метри, каде се засадени околу 800 нови дрвја и садници.

-  Во близина на овие паркови го уредивме и „Паркот на 100 дрвја“, на површина од 3.500 квадратни метри,

- На булеварот Февруарски поход во завршна фаза е уредувањето и на нов парк со површина од 82.000 квадратни метри, кој ќе биде поголем од првиот дел на Градскиот парк.

- Ги обновивме дрворедите по должината на булеварите, и тоа на булеварите Илинден, Свети Климент Охридски, Митрополит Теодосиј Гологанов, Борис Трајковски, Србија, Јане Сандански, Александар Македонски, Видое Смилевски Бато, Никола Карев...,

- Ги зазеленивме средишните жардиниери на сообраќајниците,

-  Доделивме над 20.000 бесплатни садници на куќните совети и на јавните институции.

- Градскиот парк (прв дел) доби комплетно нов лик, со ново зеленило, украсни чешми и нови интересни содржини за децата.

- Во парк-шумата „Водно“ во последните пет години се засадени повеќе од 55 хектари со зимзелени и листопадни садници.

- Во Паркот на природата „Гази Баба“ се пошумени повеќе од 1,5 хектари со листопадни дрвја, а засадени се и дополнителни 1.000 големи садници.

-  На првиот ден на пролетта минатата година Градот Скопје на јавните површини засади вкупно 10.000 бели рози, во сите скопски општини.

 

Градот Скопје ќе продолжи интензивно да работи на зазеленување на јавните површини и на засадување нови дрвја како една од приоритетните заложби за чиста и здрава средина.