РЕНОВИРАНА БИБЛИОТЕКАТА „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ “ ВО РАДИШАНИ 15.7.2016
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје оваа тековна година го реализираше капиталниот проект – реновирање и реконструкција на библиотеката „Св.Наум Охридски“ во населбата Радишани. Средствата за спроведување на овој проект во изност од 790.384,00 денари беа обезбедени од буџет на Град Скопје.
Во рамките на проектот беа направени вкупно 40 рафтови и беше реновирана и оспособена уште една читална на приземје со капацитет од 30 места, а Одделот за Британска литература е дислициран во поголеми
реновирани простории, со што се доби и исклучително пријатен простор за читателите, а во тој дел е преместен и Одделот за дигитализација.
Со реновирањето на библиотеката „Св.Наум Охридски“ во населбата Радишани се создаде еден исклучително пријатен простор за граѓаните на тој дел од Скопје.
Во текот на изминатите месеци на 2016 година од средства на библиотеката беа набавени 20 персонални компјутери поради потребата од електронска поврзаност на сите 18 библиотеки, електронска обработката на библиотечниот фонд и библиотечната документација. Ова поврзување е од огромно значење за ефективно и квалитетно завршување на секојдневните обврски.
Исто така, во текот на 2016 година ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ -Скопје спроведе и две поголеми набавки на книги од нашите издавачки куќи од кои беа набавени вкупно 2.500 книги на македонски и на албански јазик.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
