НЕДЕЛНА МУЗИЧКА ПРОМЕНАДА НА ГРАДСКИ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР 15.9.2016

Градскиот дувачки оркестар  на  18 септември 2016 година (недела), со почеток во 10:30 часот, ќе одржи променаден концерт со познатите таканаречени „Чекорници“.


Музичарите ќе тргнат од пред  Музеј на град  Скопје кон улица „Македонија“ и ќе се движат до  плоштадот „Македонија".

 

На оваа неделна  музичка променада, ќе биде изведена следната програма:


- Младинска  чекорница

- Вардаре македонски

- Патриотска чекорница

- Дикси парада

- Вашингтон пост марш

- 3 Македонска бригада

- Огномет на слободата

- Во спомен на Ваташа

- Работнички

- За сите деца

 

Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите. На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон...