ТРЕТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ЛАРВИ НА КОМАРЦИ 15.9.2016
Градот Скопје ги известува граѓаните дека третиот наврат од авионската и од терестричната дезинсекција против ларви од комарци во 2016 година ќе се реализира на 17.09.2016 година (авионска), а на 19.09.2016 година (терестрично) на подрачјето на град Скопје, односно:
1. Третиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 17.09.2016 година, сабота, во период од 06 до 12 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.
2. Третиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 19.09.2016 година, понеделник, во период од 09 до 17 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите стоечки водени површини во градот Скопје (канали, езера во Градски парк, езеро Треска и по течението на реката Вардар).
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
