ВТОРО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ЛАРВИ ОД КОМАРЦИ 16.6.2016
Градот Скопје ги известува граѓаните дека вториот наврат од авионската дезинсекција против ларви од комарци во 2016 година ќе се реализира на 16.06.2016 год., а вториот наврат од терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 20.06.2016 год. на подрачјето на град Скопје, односно:
1. Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 16.06.2016 година, во период од 06 до 12 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водни површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.
2. Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 20.06.2016 година, во период од 09 до 17 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите стоечки водни површини во градот Скопје (канали, езера во Градски парк, езеро Треска и по течението на реката Вардар).
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата против ларви од комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и соодветната терестрична дезинсекција.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
