СЕ РАСПРЕДЕЛУВААТ ПУМПИТЕ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРУМИ И ДВОРОВИ ВО ИНЏИКОВО 16.8.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија, денеска /09.08.2016 година/ е во посета на населеното место Инџиково каде што е во тек акцијата за расчистување на последиците од катастрофалното невреме што пред три дена го зафати Скопје. Во Инџиково денеска се распределуваат пумпите што ќе ја извлечат насобраната вода од поплавените подруми и од дворовите на жителите.
- Во моментов се распределуваат 100-тина пумпи што ќе црпат вода од поплавените подруми и дворови во населеното место Инџиково. Во текот на денот очекуваме да пристигнат уште 250 пумпи, со што во Инџиково во функција ќе бидат ставени 350 пумпи за помош на граѓаните. Во текот на вчерашниот ден, овде работеа големите пумпи на Противпожарната бригада кои од колекторите ја исфрлаа водата во каналот во Инџиково. Каналот е веќе расчистен со механизација и ќе може да ја прифати извлечената вода од овие 350 пумпи што ќе ги расчистуваат поплавените подруми и дворовите на жителите на Инџиково. Денеска и утре очекуваме да бидат испразнети сите поплавени простории во Инџиково – рече денеска градоначалникот Трајановски.
Трајановски додаде дека и во населените места Синѓелиќ и Стајковци ќе бидат распоредени по 350 пумпи.
-
Денеска во функција ќе бидат ставени вкупно 1.000 пумпи на подрачјето на загрозените населени места, обезбедени од Владата на Република Македонија. Значајно е и што со секоја пумпа ќе раководи по еден војник што ќе помогне во расчистувањето на просториите – нагласи градоначалникот Коце Трајановски.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
