ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ВО УВИД НА АКЦИЈАТА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ ВО ИНЏИКОВО 16.8.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, министерот за одбрана Зоран Јолевски и со градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, денеска извршија увид во активностите за расчистување на теренот во населеното место Инџиково.
Тие посетија голем број домови, разговараа со граѓаните чии имоти беа погодени од поплавата и се информираа за нивните потреби и за успешноста на активностите за расчистување.
Акцијата за расчистување на Инџиково е во понапредна фаза. Во ова населено место сите улици се расчистени од кал, а во поголемиот број куќи е извршена и дезинфекција.
Активностите на терен ќе продолжат и во наредните денови, се до целосното расчистување на последиците од катастрофалното невреме.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
