ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ОРГАНИЗИРАШЕ ВЕЧЕРА ЗА СПАСУВАЧКИОТ ТИМ ОД ИСТАНБУЛ 16.8.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, вчера /15.08.2016 година/ во хотелот „Континентал“ организираше вечера за тимот спасувачи што пристигна од Градот Истанбул, Република Турција и активно се вклучи во справувањето со последиците од големите поплави од минатата сабота.
Трајановски изрази голема благодарност за помошта која спасувачите од Истанбул ја даваат на терен во овие тешки моменти за Скопје, покажувајќи голема хуманост, храброст и солидарност. Тој упати благодарност и до градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбаш, за испратената помош и за укажаната голема поддршка за Скопје.
Во Скопје веќе пет дена престојува и помага во расчистувањето на последиците од поплавата екипа спасувачи од Истанбул составена од 32 лица, со 11 возила и механизација.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
