ГРАД СКОПЈЕ И СОЈУЗОТ НА ПЕНЗИОНЕРИ НА ГРАД СКОПЈЕ ПОТПИШАА ГОДИШЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА 18.5.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Сојузот на здруженијата на пензионерите на град Скопје (СЗП), денеска (26.04.2016 година) во клубот на пензионери „Солидарност-Аеродром“ потпишаа годишен договор за соработка за унапредување на културниот, рекреативниот, спортскиот, едукативниот живот на пензионерите, како и остварување други социјални, пензиско-инвалидски и права од здравственото осигурување.
-Согласно одредбите од потпишаната Спогодба за соработка, како и согласно потпишаниот Договор помеѓу Градот Скопје и Сојузот на Здруженија на пензионери на град Скопје, Градот предвидува 600.000 денари во Буџетот на Град Скопје кои се наменети за организирање групен превоз на пензионери на излетнички дестинации на подрачјето на Град Скопје и територијата на Република Македонија; бесплатен превоз на возрасни лица, четири дена во неделата – вторник, петок, сабота и недела; 17 милиони денари за бесплатни слободни легитимации за јавниот градски превоз за инвалидските пензионери; 400.000 денари за поддршка во организациско јакнење на Сојузот на пензионери на Град Скопје и здруженијата кои се негови членки; 30.000 денари за поддршка на спортски манифестации како што е традиционалниот 13 Ноемриски шаховски турнир и 67.000 денари за поддршка на празнувањето на Денот на пензионерите на РМ.
Градот Скопје во изминативе години има остварено одлична соработка со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје, која се базира на меѓусебен договор и заемно учество во реализација на разни програми и активности кои имаат за цел остварување на поквалитетен живот на пензионерите, истакна градоначалникот Трајановски на потпишувањето на Договорот.
Градот Скопје во рамки на своите можности и во иднина ќе излегува во пресрет на барањата на пензионерите, ќе ги разгледува нивните предлози, сугестии и иницијативи и ќе работи на решавање на конкретни проблеми. Исто така, ќе бара форми и ќе презема мерки кои ќе придонесат за збогатување на секојдневниот живот на пензионерите.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
