ПРОДОЛЖУВА ПРВОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ 19.5.2016
Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд ќе продолжи првиот наврат од авионската и терестричната дезинсекција во 2016 година против возрасни форми на комарци на подрачјето на град Скопје, која поради временските услови беше одложена.
Во рамките на истата ќе се реализираат следните активности:
1. Продолжување на првиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 14.05.2016 (сабота), во период од 05.30 до 10.00 часот.
2. Продолжувањето на првиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестична) во 2016 година,на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 15.05.2016 до 19.05.2016 (од недела до четврток), во период од 23.00 до 04.00 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и соодветната терестрична дезинсекција.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
