ПОЛОЖЕНИ ЦВЕЌИЊА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ ИЛИНДЕН 24.8.2018
По повод големиот македонски државен празник 2 Август на кој се одбележува 74-годишнината од одржувањето на АСНОМ и 115-годишнината од Илинденското востание, делегациja на Градот Скопје денеска (02.08.2018 година, четврток) на повеќе места положија цвеќиња.
Официјалната делегација на Град Скопје, составена од Љубица Јанчева, претседателка на Советот и советниците Анета Стојановска-Стефанова и Васко Лазаревски, положи цвеќиња пред споменикот на АСНОМ во парк „Жена борец“, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Македонија и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, на плоштадот „Македонија“.
Пред спомениците на АСНОМ, на Никола Карев и на Методија Андонов Ченто цвеќиња положија и Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, владина делегација составена од министрите за труд и социјална политика, за финансии и за дијаспора, Мила Царовска, Драган Тевдовски и Едмонд Адеми, делегација на Собранието на РМ, предводена од потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски, претставници од Генералштабот на Армијата на Република Македонија, членови на Сојузот на борците, претставници на политички партии, на дипломатскиот кор во нашава земја, здруженија на граѓани и организации.
По завршувањето на церемонијата на положување цвеќе, пред споменикот на Методија Андонов-Ченто се обрати Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
