СЕ РЕКОНСТРУИРА ПАРКИРАЛИШТЕТО КАЈ ХИРУРШКАТА КЛИНИКА „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ 20.5.2016

 

 

Градежните работи за уредување и реконструкција на паркинг-просторот кај хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ (поранешната Градска болница) се во тек.

 

На терен се врши реконструкција на дел од паркиралиштето, при што стариот и оштетен асфалт ќе биде изгребан и ќе се нанесе нов асфалтен слој.

 

Дополнително, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве ги искастрија гранките на околните дрвја.