ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПОСТИГНУВАЊАТА НА ПРОЕКТОТ МЛАДИНСКА МРЕЖА ЗА СТЕКНУВАЊЕ ВЕШТИНИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 20.6.2016

 

Вчера / 7 јуни 2016 година, вторник / во Александар Палас-Скопје се одржа завршен настан- Презентација на постигнувањата на Проектот Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување-Мрежа ЈЕС.

На завршниот настан имаа свое обраќање претставникoт на ЕДЦ Ерик Батлер, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, кои изразија голема благодарност за досегашната поддршка и соработка со УСАИД и воедно истакнаа дека ова не е крај, напротив претставува почеток и нови иницијативи на полето на вработување на младите, подобрувањето на нивните вештини, компетенции и практики. 

Свои излагања на настанот имаа и директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стајн , Директорот на проектот Ѓорѓи Кушевски, Маја Цветановска-специјаист за мониторинг и евалуација и Вирна Манасиева од Проект на ЈЕСС мрежа, на кој беа презентирани постигнувањата на Проектот Мрежа ЈЕС во поглед на остварени вработувања на млади, изработени стратешки, оперативни и годишни планови, реализирани обуки за напредни ИТ вештини и обуки на ментори во компании, изработен Водич за инвеститори на град Скопје во соработка со УСАИД, проект во областа на социјалното претприемништво и избор на најдобри бизнис планови од средните училишта во град Скопје, а воедно беа претставени успешни приказни од учесници во програмите на Мрежа ЈЕС.

На церемонијата за доделување  награди, на Локалниот Економски Социјален Совет на Град Скопје беше доделена плакета за најуспешен Локален Економски Социјален Совет на Град Скопје (ЛЕСС) за периодот  2014-2016 година. Воедно беше доделена плакета за најуспешен Претседател на ЛЕСС Скопје - Тихомир Климовски од ССМ и плакета за најуспешен Секретар на ЛЕСС Скопје-Билјана Стојмановска од Град Скопје.

На настанот беа доделени  плакети за најуспешни ЛЕСС-ови, претседатели , секретари и членови на ЛЕСС-ови на ниво на Македонија.