ВЕЧЕР ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ НА 41.МЛАД ОТВОРЕН ТЕАТАР 21.9.2016

Љубителите на театарската уметност вечер /21 септември/ ќе можат да уживаат во претставата „Вашето кралство“ на трупата „Форте компани“ од Унгарија, по текст на  Шандор Тар и во режија на Чаба Хорват, што официјално ќе го отвори  41. Меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“.

 Во драмата „Вашето кралство“ се раскажува неутешна приказна, која е истовремено драматична и апсурдна, а креативната енергија и радикалните средства, типични за оваа компанија, му помагаат на гледачот да се нурне во светот на маргинализираните и имаат ефект што тешко може да избледи.

Во програмата на годинашниов МОТ, се претставите:  „Ние, европски Фестивалот, кој го организира Младинскиот културен центар под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура, а ќе трае до 27 септември  се и  претставите:

22 септември

-„Ние, европски лешеви“ на Словенско младинско гледалишче во режија на Себастијан Хорват, во 20 часот во салата 25 Мај во МКЦ,

-„Државата“ театарскиот перформанс на Александар Мануилоф од Бугарија, во 22 часот во Сала Фросина во МКЦ,

23 септември

-„Галеб“ на театарот „Види“ од Лозана на германскиот режисер Томас Остермаер,  во 20 часот во  Македонски народен театар,

24 септември

-„Офф-Надминување од границите“ на театарот „Ујвидеки Синхаз“ од Нови Сад, во 20 часот во Сала Фросина во МКЦ.

25 септември

-„Коските што доаѓаат доцна“ во режија на Мартин Кочовски и во изведба на Државниот театар од Приштина во 20 часот во Сала Фросина во МКЦ.

 

 

26 септември

 -„Мртовецот доаѓа по љубената“ на Прешерновиот театар од Крањ, во 20 часот во Сала Фросина во МКЦ,

-„Случајот Хармс“ на Театар Комедија во режија на Дино Мустафиќ, во 22.30 часот во Театар Комедија,

27 септември

-„Мртва точка“ во режија на Раду Африм на романскиот театар „Тома Карагиу“, во 21 часот во Конгресен центар Александар Македонски.

На МОТ  годинава ќе има и Македонски ден /25 септември/, кога ќе биде изведена танц-претставата „Без наслов“ на Скопје танцов театар, како и „Коските што доаѓаат доцна“ во режија на Мартин Кочовски и во изведба на Државниот театар од Приштина и „Да го поздравиш и да ми го бациш“ на режисерката Билјана Радиновска во изведба на „Артопија“ од Скопје.

 Во рамки на 41.МОТ како дополнителна програма, ќе се одржи и промоција на книгата  РАПСОДИЈА НА ТЕАТАРОТ во издание на МОТ и МКЦ од францускиот филозоф, драматург и професор Алан Бадју.

Во претфестивалска програма (МОТ+). на овој реномиран театарски фестивал, на 14.09.2016 година,  беше изведена претставата  „Догвил“, а претходно беше отворена изложбата  на фотографии со театарска тематика на познатиот македонски фотограф Љупчо Илиевски направени во периодот од 1984 до 1996 од изданијата и репертоарите на МОТ, којашто посетителите ќе може да погледнат до 27 септември, односно до затворањето на фестивалот.

Годинава, исто така, во рамки на МОТ+  се одржа  и програмата „Шекспир на филм“, односно од  15 до 19 септември беа прикажани пет филма за великанот на светската драматургија.