„СКОПЈЕ ЗА БОУВИ“ - ВИДИ МУЗИКА, СЛУШНИ СЛИКА, ДОБИЈ КНИГА 22.6.2016
Директорот на Младински културен центар, Златко Стевковски, директорот на Македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ, ликовниот уметник Ивана Младеновска и маестро Емин Џијан под чие диригенство ќе настапи годинава Македонската филхармонија, на денешната прес-конференција ги највија содржините на годинашново издание на „Види музика, слушни слика, добиј книга“, што ќе се одржи во Градски парк на 23 јуни.
- Годинава манифестацијата ВИДИ МУЗИКА, СЛУШНИ СЛИКА, ДОБИЈ КНИГА, којашто се одржува веќе девет години, ја посветуваме на британската музичка легенда Дејвид Боуви, односно Македонска филхармонија ќе изведува дел од многубројните негови хитови. Исто така, публиката ќе може да ужива во творењето на афирмираните ликовни уметници Ивана Младеновска и Агрон Абдули и секако ќе можат да си заминат дома со книгата на Мери Финиган „Психоделија во предградието- Дејвид Боуви и уметничката лабораторија во Бекенам“- истакна директорот на МКЦ Златко Стевковски.
Директорот на Македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ со задоволство го најави нивното учество во реализацијата на оваа манифестација којашто годинава е посветена на мегаѕвездата Боуви.
Емин Џијан истакна дека направиле хронолошка селекција на хитовите на Боуви и најави изведба на 15 хитови. Во изведба на композициите, кои овој пат ќе добијат поинаков и автентичен израз, освен Македонската филхармонија ќе учествува и бенд, како и Женскиот хор при МКЦ.
На настанот на многубројната публика ќе им бидат поделени и 20 илјади примероци од книгата „Психоделија во предградието - Дејвид Боуви и уметничката лабораторија во Бекенам“ на Мери Финиган. Книгата зборува за самите почетоци на кариерата на Боуви, кога како 22-годишен музичар очајно се обидува да најде некој клуб во Лондон, каде што ќе може да свири. Мери Финиган пишува во прво лице, како тогашна негова пријателка и љубовница и ни дава директни сведоштва за периодот на Боуви за кој досега сме знаеле многу малку.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
