ПОЧНУВА МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СКОПЈЕ 2016“ 22.8.2016
Во организација на Град Скопје, Музејот на град Скопје и хотелот „Солун“ денеска /22.08.2016 година/ почнува со работа 11.Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2016“ и ќе трае до 1 септември.
Учесниците во Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2016“ ќе престојуваат во хотелот „Солун“, лоциран во централното јадро на Скопје, а ќе творат во просториите на Музејот на град Скопје. Со оглед на тоа што централното градско јадро е пешачка зона намерата на организаторите е на учесниците на колонијата да им се предочи богатата разноликост од архитектура, културна историја и традиција. Во близината се наоѓа и Старата скопска чаршија која е интересна по својата архитектура и старите занаети и претставува една од најголемите ориентални чаршии на Балканот.
Оваа година на своите ликовни дела потпис ќе стават десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации и творечки определби, кои живеат и создаваат во различни средини - Марина Лешкова, Олгица Антовска, Дороти Пачкова, Беган Деари, Александар Поповски и Глигор Васков од Македонија, како и Ноел Андре Периер од Франција, Александра Мириќ од Србија, Предраг Пеѓа Ракиќевиќ од Србија и Петја Денева од Бугарија.
Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2016“ традиционално се одржува под покровителство на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
