ЗАПОЧНА ТАМПОНИРАЊЕТО НА УЛИЦИТЕ ВО ПОДРАЧЈАТА ПОГОДЕНИ ОД НЕВРЕМЕТО 22.8.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски денеска /22.08.2016 година, понеделник/ извршија увид во активностите на терен во населеното место Сингелиќ, каде на поголем број на локации се врши тампонирање на улиците кои беа оштетени при големата поплава која го зафати Скопје и скопскиот регион на 6-ти август.
- Тука сме во населеното место Сингелиќ, поточно во реоните 6 и 7 каде се извршува тампонирање на улиците кои беа оштетени по поплавите. Во наредниве неколку денови ќе се работи на средување на улиците и нивно тампонирање, со цел истите да се санираат да бидат во проодна состојба. Во рамки на стратегијата на
кризниот штаб, Сингелиќ беше поделен на 14 реони и имаше 28 координатори, кои помагаа во координирање на активностите на терен за надминување на последиците од катастрофалното невреме и поплави. Со големи напори и одлична организација, во Сингелиќ во моментов се исчистени сите улици, ѓубрето е во најголема мерка исчистено и целосно е исчистена привремената депонија којашто беше лоцирана во дворот на основното училиште. Поради почетокот на училишната година, оваа локација повеќе нема да се користи и доколку има потреба од траспортирање на ѓубре и градеѓен шут, истото да се прави до депонијата кај клучката во Стајковци, каде потоа истото ќе се транспортира до депонијата Дрисла – кажа градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот Трајановски упати благодарност до ангажманот на 28-те координатори во Сингелиќ кои имаа големата улога во справувањето со ситуацијата и враќањето на состојбите во нормала. Тој упати и апел до граѓаните за трпение во процесот на санација на улиците, велејќи дека истите се тампонираат по приоритетна потреба и сите улици ќе бидат опфатени со оваа акција.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
