ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ НА ТЕРЕН ВО ПОПЛАВЕНИТЕ РЕГИОНИ 23.8.2016
.jpg)
![]() |
![]() |
||
![]() |
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија ги продолжуваат деноноќните активности на терен за расчистување на последиците од катастрофалното невреме што во саботата го зафати Скопје.
До доцните вечерни часови градоначалникот Трајановски на терен во населеното место Сингилиќ ги координираше активностите на екипите на Штабот за заштита и спасување, кои со поголем број на возила и механизација го расчистуваа главниот пат низ ова населено место и работеа на расчистување на повеќе улици во ова населено место. Возилата покрај отстранување на наносите од кал, со багери ја собираа и целата уништена покуќнина која ги блокира споредните улици. Во текот на ноќта увид во работата на терен изврши и Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.
Денеска градоначалникот Трајановски активно се приклучи да им помогне на жителите од Инџиково во расчистување на дворовите и домовите кои претрпеа големи штети од силното невреме. Во Инџиково процесот на црпење на водата од домовите и дворовите е во најголем дел завршен, а сега се работи на расчистување на домовите и дворовите од уништената покуќнина и останати предмети.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
.jpg)
