ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ 23.8.2016

Утре /24.08.2016 година, среда/ во 13 часот, Советот на Град Скопје ќе ја одржи својата 69-та седница.

На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предлоен дневен ред:

- Усвојување на записниците од шеесет и седмата, шеесет и осмата и втората вонредна седница на Советот на Град Скопје

 

1. Барање за донесување Одлука за обезбедување на средства од Буџетот на Град Скопје за интервентни активности за санација на штетите и обештетување на граѓаните од последиците предизвикани од невремето што го погоди градот Скопје на 6 август 2016 година;

2. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Град Скопје за 2016 година;

3. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба заради остварување на заедничка цел изградба, реконструкција и санација на улици во населени места во Општина Гази Баба;

4. Извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2016 година за периодот 01.01. – 30.06.2016 година;

5. Предлог-Одлука за примање донација од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест;

6. Предлог-Одлука за давање донација на 15 метални столбови со конзоли на Општина Кисела Вода;

7. Предлог-Одлука за прием и отстапување на нафтени деривати на ЈСП “Скопје“-Скопје;

8. Предлог-Одлука за прием и отстапување на нафтени деривати на ЈСП “Скопје“-Скопје;

9. Предлог-Одлука за изведување на подземни бунари со линиски системи кои се во функција на бунарите;

10. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за ослободување на корисниците од плаќање надомест за извршена услуга собирање и транспортирање на комунален отпад;

11. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за ослободување  од плаќање на надоместот за користење на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, на  корисниците од погодените подрачја со поплавата за месеците 8, 9, 10.2016 година;

12. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Инвестиционата програма на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје за 2016 година;

13. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на Програмата за инвестиции во 2016 година на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје;

14. Предлог-Одлука за давање согласност а Одлуката за размена на недвижен имот помеѓу ЈП “Комунална хигиена“, Скопје и Друштвото за производство и промет со гума и гумени производи “Унитајарс Стил Импекс“ ДООЕЛ, Скопје;

15. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на Скопскиот плански регион за 2015 година;      

16. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Скопски плански регион за 2015 година;

17. Предлог-Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС Сарај-Скопје

18. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансирање на јавните установи и активности од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2016 година.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул.„Илинден“ бр.82.