СООПШТЕНИЕ 25.7.2016
Екипите на Градот Скопје по силното невремето кое го зафати Скопје во саботата попладне на 2 јули, излегоа на терен и извршија повеќе интервенции за да ги санираат последиците од обилните врнежи, односно да се отстранат водите од подвозниците коишто го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот.
Градот Скопје ја информира јавноста дека кружниот тек кај хотелот Континетал, кој исто така беше поплавен, изграден е во времето кога градоначалник на Скопје беше Трифун Костовски, а Градот Скопје потоа ги санираше пропустите со изградата на магистрален атмосферски колектор на овој кружен тек, кој при секој пороен дожд се поплавуваше. Санацијата во голема мера и долгорочно ги реши проблемите при поројните дождови.
Но, не е важно кој го изградил кружниот тек и атмосферската канализација, загрижува фактот што е некој се обидува да го попречи функционирањето на канализацијата, бидејќи екипите на Градот при интервенцијата по саботното невреме при чистењето на шахтите најдоа креветски душек кој го блокираше протокот на атмосферските води и предизвика затнување на атмосферската канализација и поплавување на кружниот тек.
Воедно, Градот Скопје ги демантира пишувањата на порталот А1он.мк со наслов Автокоманда: Коце Трајановски правеше кружен тек или базен? И ги оценува како невистинити и манипулативни.
Апелираме до граѓаните да не ги користат шахтите за атмосферска канализација како контејнери и да не фрлаат во нив цврсти и неразградливи предмети.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
