ВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА УЛИЦА „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ 25.7.2016
Градот Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека од утре (вторник,26.07.2016 год.) ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“ поради градежни активности.
Возилата од Јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60 кои се движат од Центар кон Дексион, односно од исток кон запад ќе бидат пренасочени од улица „Ѓорче Петров“ по булевар „Македонска војска“, улица „Борис Сарафов“ (4 Јули), улица „Кузман Шапкарев“ и продолжуваат по својата траса.
За време на траење на овој режим ќе се користат времено поставените автобуски стојалишта на улица „Борис Сарафов“.
Во спротивна насока, од Дексион кон Центар или во правец запад-исток автобусите ќе ја користат постојната траса по улица „Ѓорче Петров“.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.
- ВЕСТИ
- 13.09.2024 - Соопштение за јавност
- 11.09.2024 - Соопштение за јавност: Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата
- 07.09.2024 - Соопштение за јавност
- 06.09.2024 - Jавен повик за времено работно ангажирање на образовни асистенти-проект за општествено корисна работа
- 03.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 30.08.2024 - Отворено писмо до Претседателот на Владата на РМ
- 29.08.2024 - Соопштение за медиуми
- 27.08.2024 - Соопштение за јавност