150 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОШТЕТЕНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ПОПЛАВИТЕ ОД 6-ТИ АВГУСТ 25.8.2016

Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба заради остварување на заедничка цел изградба, реконструкција и санација на улици во населени места во Општина Гази Баба е најважната одлука која беше донесена на 69-та седница на Советот на Град Скопје, која се одржа вчера /24.08.2016 година, среда/.

Со оваа одлука Град Скопје одвои 150 милиони денари за санација и реконструкција на патната и канализационата инфраструктура во Гази Баба која беше оштетена за време на катастрофалните поплави кои се случија на 6-ти август.

Покрај оваа точка, Советот на Град Скопје ги донесе следните одлуки: Одлука за примање донација од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест; Одлука за давање донација на 15 метални столбови со конзоли на Општина Кисела Вода; Одлука за прием и отстапување на нафтени деривати на ЈСП “Скопје“-Скопје; Одлука за прием и отстапување на нафтени деривати на ЈСП “Скопје“-Скопје; Одлука за изведување на подземни бунари со линиски системи кои се во функција на бунарите; Одлука за давање согласност на Одлуката за ослободување на корисниците од плаќање надомест за извршена услуга собирање и транспортирање на комунален отпад; Одлука за давање согласност на Одлуката за ослободување  од плаќање на надоместот за користење на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, на  корисниците од погодените подрачја со поплавата за месеците 8, 9, 10.2016 година; Одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Инвестиционата програма на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје за 2016 година; Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на Програмата за инвестиции во 2016 година на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје; Одлука за давање согласност а Одлуката за размена на недвижен имот помеѓу ЈП “Комунална хигиена“, Скопје и Друштвото за производство и промет со гума и гумени производи “Унитајарс Стил Импекс“ ДООЕЛ, Скопје; Одлука за давање согласност на Годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на Скопскиот плански регион за 2015 година; Одлука за давање согласност на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Скопски плански регион за 2015 година; Одлука за именување претставници на Градот Скопје во Училишниот одбор на СУГС Сарај-Скопје; Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за Интегрален тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје.

Покрај овие одлуки на вчерашната седница Советот на Град Скопје ги усвои и Програмите за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Град Скопје за 2016 година и за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Град Скопје за 2016 година, а го донесе и Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2016 година за периодот 01.01. – 30.06.2016 година.