СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОМИНАТА ОБУКА ЗА 30 ПОЖАРНИКАРИ 26.5.2016
Сертификати за успешно завршена обука "Одговор за ургентни медицински ситуации" денеска /19.05.2016 година, четврток/ им беа доделени на 30 нововработените пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
На оваа обука нововработените пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се стекнаа со знаење и вештини за давање на медицинска помош во ургентни ситуации, како што се: идентификација и соодветна реакција на трауми, срцево белодробно оживување (CPR) и реанимација, имобилизација на повредени пациенти и соодветен транспорт, тријажа при катастрофални несреќи со голем број на повредени лица, реакција при задушување, техники на проверка на пулс и отвореност на дишни патишта, бандажирање и преврски, тимска работа во случај на несреќи и повреди и др.
Обуката "Одговор за ургентни медицински ситуации" траеше две недели, а беше спроведена од страна на невладината организација „Линк Акрос“.
Сертификатите на пожарникарите за успешно поминатата обука им ги доделија Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Благоја Менковски и директорот на „Линк Акрос“ во Македонија, Џонатан Мангелс.
Командантот Менковски на пожарникатите им го честита успешното завршување на оваа обука, која ќе придонесе на зголемување на нивната спремноста за поуспешно извршување на нивните работни задачи.
Соработката помеѓу Град Скопје и „Линк Акрос“ започна со потпишување на меморандумот за разбирање во 2014 година, а слична ваква обука за 19 пожарникари беше организирана во мај 2015 година.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

