ЗАВРШИЈА СРЕДНОУЧИЛИШНИТЕ ЛИГИ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА УЧЕБНАТА 2015/2016 ГОДИНА 26.5.2016

Во завршните натпревари на препознатливиот градски ФАЈНЛ ФОР кој што на 12 и на 13 мај се играше во спортските сали на СУГС „Кочо Рацин“ и на СУГС „Јосип Броз Тито“ се издвоија најдобрите екипи во средноучилишните лиги на Град Скопје за учебната 2015/2016 година во екипните спортови футсал, ракомет, кошарка и одбојка, во машка и во женска конкуренција.

Во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје учествуваше 241 екипа, а се одиграа преку 1.000 натпревари во кои се вклучија околу 6.100 ученици од 29 средни училишта од Скопје.

Според резултатите од финалните натпревари, во футсал – мажи најдобри беа следните три екипи:

 

Прво   место: СОСУ „ИЛИНДЕН“

Второ место: СУГС „ЗЕФ ЉУШ МАРКУ“

Трето место: ДУФК „МЕТОДИ МИТЕВСКИ - БРИЦО“

 

Во футсал – жени, како најдобри се издвоија:

 

Прво   место: ДУФК „МЕТОДИ МИТЕВСКИ - БРИЦО“

Второ место: СУГС „ЗЕФ ЉУШ МАРКУ“

Трето место: СУГС „ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН“

 

Во ракомет – жени, првите три места ги освоија:

 

Прво   место: ДУФК „МЕТОДИ МИТЕВСКИ - БРИЦО“

Второ место: СУГС „НИКОЛА КАРЕВ“

Трето место: СУГС „ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН“

 

Во ракомет – мажи, најдобри беа екипите:

 

Прво   место: ДУФК „МЕТОДИ МИТЕВСКИ - БРИЦО“

Второ место: СУГС „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“

Трето место: СУГС „ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН“

 

Во одбојка – мажи, првите три места ги освоија:

 

Прво   место: СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

Второ место: СУГС „ЗЕФ ЉУШ МАРКУ“

Трето место: СУГС „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“

 

Во одбојка – жени, најдобар резултат постигнаа екипите:

 

Прво   место: СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

Второ место: ДУФК „МЕТОДИ МИТЕВСКИ - БРИЦО“

Трето  место: СУГС „НИКОЛА КАРЕВ“

 

Во кошарка – мажи, најдобри беа екипите: 

 

Прво   место: СУГС „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“

Второ место: СУГС „НИКОЛА КАРЕВ“

Трето  место: СУГС „ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН“

 

Во кошарка жени, како најдобри се издвоија:

 

Прво   место: СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

Второ место: СУГС „РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ – КОРЧАГИН“

Трето  место: ДУФК „МЕТОДИ МИТЕВСКИ - БРИЦО“

 

Градскиот првак и второпласираниот од скопскиот регион кој што е најголем во Македонија учествуваат на финалните натпревари на државно ниво.

Средните училишта од Скопје на државното првенство на средни училишта од цела Македонија – Гимназијада која што се одржуваше во Куманово од 5 до 7 мај годинава освоија 15 златни, 6 сребрени и 6 бронзени медали.Значајно е да се напомене дека како дел од средношколските лиги на Град Скопје се организираат 10 лиги кои траат во текот на целата учебна  година, и тоа:

 

-          Ракомет (М) и (Ж)                 38 екипи

-          Кошарка (М) и (Ж)                39 екипи

-          Футсал (М) и (Ж)                   48 екипи

-          Одбојка (М) и (Ж)                  43 екипи

-          Пинг – понг (М) и (Ж)            38 екипи

-          Стрелаштво (М) и (Ж)           35 екипи

 

Во делот на индивидуалните и преостанатите спортови се организираат натпревари и во атлетика, бадминтон, карате и во шах.

Град Скопје преку Сојузот на средноучилишен спорт во Скопје секоја година инвестира во развојот на средноучилишниот спорт. За организација на средноучилишниот спорт во Скопје, Градот Скопје годинава одвои 2.000.000 денари.

За потсетување, во 2009 година во лигите учествувале околу 300 ученици–спортисти. До 2015 година, со тековните активности што ги презема Град Скопје заедно со средните училишта, во средноучилишните лиги учествуваат околу 6.100 ученици–спортисти.