ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ОДЛИКУВАН ЗА КОМАНДАНТ ОД РЕДОТ ЅВЕЗДА НА ИТАЛИЈА 26.7.2016
Амбасадорот на Република Италија во Република, Н.Е. Ернесто Масимино Белели на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, му го врачи одликувањето Kомандант од редот Ѕвезда на Италија.
Орденот се доделува врз основа на одлука, донесена од Претседателот на Италија, Серџо Матарела, за придонесот на градоначалникот Трајановски во унапредување на пријателските односи и соработката помеѓу Македонија и Италија.
- Ми претставува голема чест и задоволство во името на Претседателот на Италија, Серџио Матарела да му го врачам ова одликување на градоначалникот Трајановски. На претседателот Матарела му ја посочив одличната соработка која ја имаме со градоначалникот и Градот Скопје, но и неговиот огромен придонес во зближувањето на двете држави и двата народа – кажа амбасадорот Белели.
Градоначалникот Трајановски се заблагодари на амбасадорот Белели за оваа голема чест, велејќи дека истата е резултат на одличната соработка помеѓу него и амбасадорот Белели, како и помеѓу Градот Скопје и Амбасадата на Република Италија во Македонија.
- Ова одликување е голема чест и признание за мене и истата е само потврда за нашата одлична соработка, како и поттик за продолжување и продлабочување на истата. Сакам да ја искористам оваа пригода да се заблагодарам на амбасадорот Белели за нашата одлична соработка, а сакам и да се заблагодарам за поддршката која Република Италија ја дава на Македонија на меѓународен план – рече градоначалникот Трајановски.
- ВЕСТИ
- 13.09.2024 - Соопштение за јавност
- 11.09.2024 - Соопштение за јавност: Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата
- 07.09.2024 - Соопштение за јавност
- 06.09.2024 - Jавен повик за времено работно ангажирање на образовни асистенти-проект за општествено корисна работа
- 03.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 30.08.2024 - Отворено писмо до Претседателот на Владата на РМ
- 29.08.2024 - Соопштение за медиуми
- 27.08.2024 - Соопштение за јавност