ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КОЛОВОЗОТ НА УЛИЦАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 27.6.2016
3
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, денеска /25.04.2016 година/ го означија почетокот на градежните работи за реконструкција на коловозот на улицата Ѓорче Петров.
-Во текот на градежните работи, ќе се реконструира коловозот на улицата Ѓорче Петров на потегот од кружниот тек кај СП „Планет“ до општинската зграда, во должина од 1.245 метри. Постојниот оштетен асфалт на оваа делница ќе се изгребе, ќе се санира носечкиот слој и ќе се нанесе нов асфалтен слој Сплит Мастикс со дебелина од 5 сантиметри. На местата каде што има потреба ќе се заменат оштетените рабници, а ќе се изврши и санација на тротоарите коишто ќе се покријат со асфалт, на површина од 1.000 квадратни метри. За реконструкција на коловозот на улицата Ѓорче Петров, на потегот од кружниот тек кај СП „Планет“ до општинската зграда, Градот Скопје ќе вложи околу 18,6 милиони денари.
На терен ќе работат градежниците на „Пелагонија“ АД Гостивар, а градежните работи треба да завршат за 8 месеци. Со реализацијата на овој проект значително ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот, а просторот ќе се уреди. Сакам да нагласам дека во Скопје во тек е градежна офанзива, а Градот Скопје работи на крупни инфраструктурни зафати во сите десет скопски општини – нагласи градоначалникот Коце Трајановски.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, истакна дека реконструкцијата на оваа улица е од исклучително значење за жителите на Ѓорче Петров и за сите учесници во сообраќајот што се упатуваат кон излезот на Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
