ЌЕ СЕ УРЕДУВА ТРЕТИОТ ДЕЛ НА ПАРК МАКЕДОНИЈА 27.6.2016
![]() |
![]() |
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ денеска /27.06.2016 година/ присуствуваа на почетокот на уредувањето на третиот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.
- Град Скопје заедно со Општина Карпош ќе го уредуваат третиот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Градот Скопје ќе уредува зелена површина од околу 6.000 квадратни метри, на којашто ќе постави систем за наводнување. При уредувањето на овој парк нема да биде исечено ниту едно дрво од веќе постојните, а дополнително ќе бидат засади уште 61 садници. За реализација на овој проект од Буџетот на Градот се издвоени околу 4 милиони денари. Сакам да
истакнам дека Градот Скопје има успешна соработка со Општина Карпош и на други проекти, како што е поставувањето на фекалната и атмосферската канализација во Злокуќани и во Нерези – рече градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истакна дека третиот дела на Прк Македонија ќе биде на површина од околу 10.000 квадратни метри, од кој Општина Крпош ќе уредува партерно околу 4.000 квадратни метри, за кој од буџетот имаат издвоено околу 20 милиони денари. Тој потенцираше и дека досега со Градот Скопје успешно соработувале на 7 проекти.
На уредувањето на новата зелена површина ќе работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ


