ДОНЕСЕНИ ОДЛУКИТЕ ЗА ЗБРАТИМУВАЊЕ НА СКОПЈЕ СО ТИРАНА И САРАЕВО 27.7.2016

На 68-та седница која што се одржа вчера /07.07.2016 година, четврток/ Советот на Град Скопје едногласно ги донесе одлуките за збратимување на Градот Скопје со Градот Тирана и Градот Сараево.

Оваа одлука Советот ја донесе во присуство на амбасадорот на Албанија во Македонија, Н.Е. Фатос Река и амбасадорот на Босна и Херцеговија во Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ.

Покрај овие точки на денешната седни беа донесени Извештаите за работата на сите јавни претпријатија на Град Скопје за 2015 година, како и следните одлуки: Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел за реализација на проект за изградба на фекална канализација во с. Љуботен, Општина Бутел; Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Центар заради остварување на заедничка цел за отстапување на правото на градење пристапни улици; Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош за финансиско учество за изведба на фекална канализација по дел од улица Новопроектирана 3 и покривање на атмосферски канал непосредно до улицата Новопроектирана 1; Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за  воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба заради изградба на фекална канализација во с. Црешево, с. Смиљковци и с. Виниче; Одлука за внатрешна организација на Град Скопје; Одлука за започнување на ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Град Скопје од сите ризици и опасности; Одлука за определување на субјекти на кои им се доставува Процената на загрозеност на подрачјето на Град Скопје од сите ризици и опасности; Одлука за утврување на надоместок за граѓаните во извршувањето на правата и должностите во заштитата и спасувањето; Одлука за прием и отстапување на нафтени деривати на Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“-Скопје; Одлука за давање донација на 14 светилки и 14 метални столбови на Општина Гази Баба;

Советот на Град Скопје на денешната седница дебатираше и за информацијата за рушење на градската плажа покрај Камен мост на реката Вардар и за други проекти на Градот Скопје на реката Вардар, а дополнително беа донесени и Локалната стратегија за заштита од ХИВ на Град Скопје за периодот од 2016 до 2020 година, како и Акциски план за 2016 и 2017 година за остварување на Локалната стратегија за заштита од ХИВ на Град Скопје за периодот од 2016 до 2020 година.