ЗАВРШИ МЕЃУНАРОДНИОТ СРЕДНОШКОЛСКИ ТУРНИР „СКОПЈЕ 2016“ 29.9.2016
Градоначачникот на Град Скопје, Коце Трајановски и амбасадорот на Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ, вчера /28.09.2016 година/ во vip Арена Спортски центар Борис Трајковски, им ги доделија наградите на најуспешните на Меѓународниот средношколски турнир „Скопје 2016“.
На дводневниот турнир, кој се одржуваше во големата и во малата сала во vip Арена Спортски центар Борис Трајковски, учествуваа средношколски екипи на Загреб од Хрватска, Подгорица од Црна Гора, Сараево од Босна и Херцеговина, Софија од Бугарија и екипи од средните училишта од Скопје.
Средношколските екипи се натпреваруваа во футсал, одбојка, ракомет и кошарка и ги постигна следниве резултати:
Во футсал (машки) првото место го освои екипата од Скопје, второто екипата од Загреб, а како трети се пласираа средошколците од Подгорица.
Во одбојка (женски) првото место го освоија средношколките од Скопје, втори беа средношколките од Софија, а на третото место средношколките од Загреб.
Во ракомет (женски) најдобра беше екипата на Скопје, втори беа средношколките на Загреб, а третото место го освои екипата од Подгорица.
Во ракомет (машки) првото место го освои екипата од Скопје, второто екипата од Загреб, а како трети се пласираа средошколците од Сараево.
Во кошарка (жени) најдобра беше екипата на Загреб, а второто несто го освоија средошколките на Скопје.
Во кошарка (машки) првото место го освои екипата од Скопје, второто екипата од Загреб, а како трети се пласираа средошколците од Сараево.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
