9. ГУРМАНСКИ ВИКЕНД СО ПИВО „ПИВОЛЕНД 2016“ 30.8.2016
Од утре, /31 август/ до 4 септември на скопското Кале по деветти пат ќе се одржи традиционалната манифестација - Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2016“.
Пет фестивалски денови, од среда па до недела, посетителите на „Пиволенд 2016“ ќе дегустираат пиво и гурмански мезиња, ќе следат богата музичка програма со големи имиња од македонската музичка сцена, како и гости од странство и ќе уживаат во катчињата за забава.
- И годинава посетителите ќе имаат можност да дегустираат многу видови пиво, најразлични гурмански специјалитети и да присуствуваат на над 100 музички настапи. Ги поканувам граѓаните на Македонија и на Скопје да дојдат на овој фестивал и да уживаат во богатата програма - изјави Слободан Ќосев, раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје, на денешната прес-конференција.
Фестивалот на пивото традиционално е во организација на Град Скопје и на „Темов“. За организација на гурманскиот викенд, Градот Скопје од буџетот издвојува 500.000 денари.
Организаторите најавија дека музичката програма ќе биде поделена на три бини на Кале, како и една во Пивница „Стар Град“. Покрај на главната бина, ќе може да слушате добра андерграунд музика на Бла Бла стејџ (метал, хардрок, рок, хип хоп, рап, инди) и на Електро Денс стејџ (џангл, прогресив, хаус, техно, трап, транс).
Оваа година на гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2016“, публиката ќе има можност да ужива во музиката на голем број македонски изведувачи, бендови и диџеи. На сцената ќе ги слушаме: Влатко Илиевски, Дани, Нокаут, Тамара, Фолтин, Ефто Пупиновски, Тијана, Флукс, Јаков Дренковски, Чил Плеј, Тотално опуштање, Дј Славе и многу други.Од регионот ќе гостуваат Рибља Чорба и Министарке.
Освен пивско и музичко уживање, посетителите ќе може да се испробаат во адреналински спортови во „Акциската зона“: Кендо, мечување, стрелаштво. На Пиволенд ќе има и базар за ракотворби, но и голем избор на пивски игри во Игротеката за возрасни.
За оние што сакаат да експериментираат со вкусовите, ќе има штанд со пивски коктели, а од пиварниците велат дека секојдневно ќе има акциски промоции на одредени продукти.
На фестивалот ќе се престави и првата микро пиварница во Македонија- „Темов“, како единствена од ваков тип во регионот.
Ги советуваме посетителите коишто сакаат да дегустираат пиво, да не возат туку да користат градски и јавен превоз.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
