ПОЧНА „OРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2016 30.9.2016
По дефилето на фолклорните ансамбли од ЈУ Детски културен центар „Карпош“-Скопје до Градски парк, на платото кај споменикот на Гоце Делчев во Градски парк денеска (30.09.2016 година), директорката на ЈУ Детски културен центар „Карпош“, Ружа Ѓорѓеска го отвори традиционалниот Меѓународен детски фолклорен фестивал „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2016.
ЈУ Детски културен центар „Карпош“-Скопје во соработка со Град Скопје и Министерството за култура на Р.Македонија и годинава по дваесетипетти пат го организира и реализира најмасовниот Меѓународен детски фолклорен фестивал „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2016, кој годинава ќе трае до 2 октомври, на кој ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од странство и од Македонија.
Фестивалот традиционално го отворија играорците од фолклорната група од ДКЦ, а потоа настапија сите странски и домашни ансамбли.
ДКЦ „Карпош“ ќе биде домаќин на фестивалот на кој ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од Русија, Украина, Србија, како и домашните ансамбли: Фолклорно студио „Блажевски“, КУД „Орце Николов“, КУД „Етнос“, КУД „Илинден“-Битола, ансамбл „Македонија“ и фолклорната група од ДКЦ.
Денеска на платото кај споменикот на Гоце Делчев во Градски парк се одржа свеченото отворање на фестивалот „Оро без граници“ 2016, а утре (сабота) во 18 часот на истото место ќе биде и затворањето на Фестивалот со настап на гостите и на домашните фолклорни ансамбли, а на 2 октомври (недела) за сите учесници на фестивалот ќе се реализира пикник во Лешок, Тетово.
За време на престојот во Скопје играорците организирано ќе го разгледат Скопје и ќе ги посетат позначајните историски споменици.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
