СЕ ОДБЕЛЕЖУВААТ 54 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ НА 26 ЈУЛИ 26.7.2017

Утре, 26.07.2017 година (среда), во 10 часот, на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на загинатите во катастрофалниот земјотрес што во својата уривачка сила во 1963 година го претвори Скопје во урнатина, ќе положат цвеќиња официјални делегации и претставници на институции.

Во Домот на хумантирани организации „Даре Џамбаз“ од 9 до 17 часот ќе се одржи традиционалната  крводарителска акција  на  Црвениот крст на град Скопје.

Во 11 часот ќе се промовира проширениот капацитет на Пунктот за бездомници во Момин Поток.

Мултимедијалниот културниот настан „МКЦ за Скопје“, кој традиционално се одржува за 26 јули, со цел да се потсетиме на солидарноста и хуманоста на скопјани, годинава се одржува два дена, односно почнува денеска, 25 јули, а завршува  утре, 26 јули.

Денеска програмата и е посветена на првата македонска поетеса Даница Ручигај, која трагично загина во земјотресот на 26 јули 1963. Даница Ручига е авторка на антологиските стихозбирки „Сребрени ноќни игри“ и „Заробеници на ветрот“ и основоположничка на таканареченото женско писмо во современата македонска поезија и литература. Во нејзина чест ќе бидат промовирани книгите „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!“ и „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ на новинарите на Македонското радио – Радио Скопје и публицисти Искра Чоловиќ и Свето Стаменов.  По промоцијата ќе бидат прикажани и документарните филмови посветени на Даница Ручигај „Поетот живее и по смртта“ (1993) и „Соновите не заспиваат“ (2016) на новинарите на Македонската телевизија Соња Драгољуб Гиздавиќ и КатицаТрајковска – Абјаниќ. За музичкиот дел, пак, се задолжени Александар Прокопиев и Сашо Гигов – Гиш.

Програмата во среда, 26 јули, почне со отворање на изложбата на Димитар Аврамовски Пандилов, а  освен оваа изложба, во фоајето на МКЦ ќе биде поставена изложбата на фотографии на Вацлав Шваб/ЕПК Плзен 2015, Чешка, а на тревникот пред  МКЦ ќе бидат поставени фотоинсталации од фотографите: Ан д` Гела, Максим Делво, Герт д` Таје, Ален Бреје/ЕПК Монс 2015, Белгија. На платото ќе биде прикажан и филмот Messages from the Border (68`), ЕПК Сан Себастијан 2016, Шпанија (програма во организација на „Конгресен центар Александар Македонски“).Вечерта ќе заврши со концерт на RIB, Sweet Rapscallions, Anna O. и Mark Olson &Ingunn Ringvold (САД).

Утревечер во Музеј на град Скопје, во 20 часот, градоначалникот Коце  Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе ја отвори изложбата „Скопје – архиТРАНСформа“: „Архибелези“ и „Concrete мemories“, фотографии на Матијас Шуман, Дрезден, Германија.

Под мотото – „Скопје го слави животот„ на 26 јули ќе се потсетиме на се она што значи овој датум, на подадената рака од целиот свет, како и на оние што трагично го загубија својот живот.

Во 21 часот на плоштадот Македонија ќе биде организиран пригоден музички настан на кој ќе настапи на МРТВ. Свој придонес во чествувањето, покрај Ревијалниот оркестар, ќе дадат и Бида Додева, Александар Митевски, актерот Висар Вишка, детскиот хор Фалсето, словенечкиот саксофонист Васко Атанасовски и нашиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски. Свој дел ќе има и скопскиот хроничар Данило Коцевски, а водител на настанот ќе биде Ирена Спировска.

Скопјани, како и сите добронамерници ќе имаат можност да слушнат голем број македонски композиции  кои низ децениите се пееле и свиреле во Скопје или кои асоцираат на Скопје.

Оваа чествување ќе не потсети дека треба да го славиме животот и секако за хуманата димензија на човештвото.