БОЈАН СЕКУЛОСКИ ОД СУГС„РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ КОРЧАГИН“ ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА НА СВЕТСКИОТ ADOBE CA ШАМПИОНАТ 02.7.2018

 

За првпат оваа година во Македонија се одржа Adobe Certified Associate (ACA) натпревар, на кој учество земаа млади од повеќе средни училишта на Град Скопје, но и студенти. Во денешното финале, победата ја однесе Бојан Секулоски, ученик во трета година во СУГС„Раде Јовчевски Корчагин“, кој ќе ја претставува нашата држава во Флорида, САД на светскиот Adobe Certified Associate шампионат и ќе се бори за титулата најдобар ACA во светот.

 

 

Град Скопје како еден од главните поддржувачи и покровители на натпреварот, годинава обезбеди 100 АCA испити за учениците од средните училишта на градот. Натпреварот го реализираше и организираше Certiadria, а компанијата Макпетрол ќе ги покрие трошоците за превоз и престој на победникот и неговиот ментор во Флорида, САД на светскиот натпревар.

Светскиот ACA шампионат во организација на Certiport Inc, е глобално натпреварување кое ги тестира вештините за дизајнирање на учесниците преку Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign. Најдобрите натпреварувачи ќе ги претстават своите земји на светското првенство, каде што ќе создадат дизајниран проект за избраниот непрофитен клиент на Certiport.