АКЦИИ НА ЕКИПИТЕ НА ГРАДОТ НИЗ ОПШТИНИТЕ 23.12.2016
Градот Скопје во текот на изминативе три дена (19, 20 и 21 декември) спроведе вонредна акција во која беа вклучени екипи на јавните претпријатија на Градот, односно вработени од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП „Паркови и зеленило“.
Работниците од ови три јавни претпријатија со помош на механизација и рачно ги расчистуваа дивите депонии, парковското зеленило, ги чистеа од наноси на песок, земја и лисја сливниците и ги метеа улуците во општината Гази Баба.
Ваква тридневна акција почна да се реализира вчера и ќе трае до утре и на територијата на општина Чаир, а од 26 до 28 декември ќе се реализира во општина Центар.
Со акцијата на Градот Скопје ќе бидат опфатени сите нејзини општини, а планот за работа на јавните претпријатија коишто се вклучени во нејзина реализација ќе се одвива во зависност од временските услови.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
