ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈАТА „ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“ 27.3.2018
Градот Скопје утре (24.03.2018 година, сабота) во периодот од 20:30 до 21:30 часот ќе се вклучи во глобалната акција „Часот на планетата Земја“ и ќе го исклучи осветлувањето на неколку објекти во центарот на градот.
Осветлувањето ќе биде исклучено на следниве објекти и локации: плоштад „Македонија“ со спомениците, Порта Македонија, Камениот мост, Скопската тврдина, Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, објектот на АЕК, колонадата, Јавното обвинителство на Република Македонија, Министерството за надворешни работи, плоштадите „Мајка Тереза“ и „Филип Втори“, мостот „Око“, Мостот на уметноста, Палата Пелистер, Ристиќева Палата, Сити Галери и хотелот „Мериот“.
На плоштадот „Македонија“ заедно со волонтерите на Црвениот крст ќе биде испишано логото на акцијата 60+ со петстотини свеќи. Во еколошкиот мрак, поддржано од ЕВН Македонија, ќе има и акустичен концерт на младата пејачка Теа Трајковска, а присутните посетители ќе имаат можност да добијат флуоресцентна алка и флуоресцентен цртеж на своето лице и да се придружат во одбележувањето на Часот на планетата Земја.
Македонија деветта година по ред се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“ кога во 20:30 часот по локално време, во период од еден час, во мрак ќе потонат над 180 земји и 7.000 града низ светот.
Како што акцијата патува низ часовните зони, милиони луѓе преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час ќе испратат порака за спас на планетата Земја, за борба против климатските промени и за подигнување на јавната свест за проблемот поврзан со намалување на биодиверзитетот.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
