ГРАД СКОПЈЕ ПОВТОРНО ПОМАГА ВО ЧИСТЕЊЕТО НА ОТПАДОТ ОД КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР 24.7.2018
Екипи на Град Скопје денеска повторно излегуваат во пресрет на граѓаните и спроведуваат акција за чистење на отпадот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Намерата на Град Скопје е да го преземе одржувањето на хигиената во Клиничкиот центар и конечно хигиената на ова место да биде на оптимално ниво. Град Скопје денеска на Клиничкиот центар му донираше и постави 15 корпи за отпадоци кои што деновиве беа заменети од Градскиот парк.
Повеќедецениската негрижа за хигиената во Клинички центар досега резултираше со неколку акции за расчистување на отпадот. Град Скопје цени што граѓаните волонтираат во чистењето на Клинички центар во овој преоден период и придонесуваат да се ублажи настанатиот проблем.
Апелираме до граѓаните за разбирање во овој преоден период додека не ги решиме правните аспекти на набавката, а кога Град Скопје ќе ја преземе одговорноста за комуналната хигиена во Клинички центар, ќе се реши проблемот со отпадот во кругот на болниците.
Јавните претпријатија ќе го дадат својот максимум во грижата за хигиената во градот, но за трајно да се реши проблемот со отпадот особено значајна е поддршката од граѓаните.
Апелираме до граѓаните љубовта кон нашиот град да ја покажат и преку грижа за хигиената на просторот околу нив и секој да се погрижи отпадот да биде фрлен во поставените корпи и контејнери. Скопје се сака и на овој начин.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
