АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАРК 05.4.2016
![]() |
![]() |
Градот Скопје денеска /21.03.2016 година/ традиционално го одбележа првиот ден на пролетта со акција за чистење на вториот дел од Градскиот парк, како дел од манифестацијата „Денови на пролетта – денови на екологијата“. Целта на оваа акција беше да се поттикне грижата за животната средина кај граѓаните на Скопје и да се даде пример како да се грижиме за средината во којашто живееме.
За таа цел, денеска во вториот дел од Градскиот парк, во близина на Луна-паркот, 150 ученици од 5 средни училишта на Град Скопје (СУГС „Јосип Броз Тито, СУГС „Никола Карев“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Здравко Цветковски“ и СУГС „Георги Димитров“) ги чистеа отпадоците од јавните зелени површини.
Во соработка со Противпожарната бригада на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ се чистеше езерцето во вториот дел на Градкиот парк, со помош на чамец.
Штитениците на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“, пак, засадија цвеќиња и се вклучија во расчистувањето на зеленилото.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ


