АКЦИЈА ЗА САДЕЊЕ ДРВЈА НА ГРАД СКОПЈЕ 13.1.2016
![]() |
![]() |
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /24.12.2015 година, четврток/, учествуваше во садењето 32 листопадни садници во паркот пред Културно информативниот центар (КИЦ), како дел на есенската акција за садење 5.000 дрвја на територијата на градот.
Во паркот пред КИЦ денеска се насадени 11 платани, 12 костени, 6 фотинии и 3 златни хамаеципариса. Зелената површина во паркот пред КИЦ, каде што се засадени дрвјата е со површина од 837 метри квадратни и е реконструирана од Градот Скопје во мај 2015 година. Во паркот е поставена и главна хидрантска мрежа од 120 метри и систем за полевање со 20 прскалки.
Во рамките на есенската акција на Градот Скопје, во општина Центар ќе бидат засадени вкупно 317 садници во дрворедите на булеварите, во парковите и во блоковското зеленило во општината. Дел од садниците се од наше произвоство од расадникот во Бутел, а дел се увозни. Садниците во општина Центар ќе бидат засадени на булеварите Кузман Јосифовски-Питу, Кочо Рацин, Илинден, Партизански одреди. Гоце Делчев, Димитрије Чуповски, на улиците Кирил Методиј и Самоилова, како и на Кале, кај СУГС Јосип Броз-Тито, кај Музејот на ВМРО и во близина на амбасадата на САД.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ


