Aктивни повици за учество на уметници во CREART2 26.12.2017
Град Скопје ги потсетува заинтересираните дека во рамките на проектот „Creart2- Network of European Cities for Artistic Creation“ (Creart2- Мрежа на европски градови за уметничко творештво) кофинансиран од Европската Комисија преку програмата „Креативна Европа“, а во кој Градот Скопје учествува како партнер, се отворени повеќе повици за пријавување на уметници кои живеат и работат во Скопје во дел од проектните активност кои ќе се спроведуваат во повеќе градови партнери или асоцијативни партнери во проектот во 2018 година:
Повиците се однесуваат на следните активности:
- Уметнички престој во Линц, Австрија во февруари 2018 година. Повикот е отворен до 29 декeмври 2018 година. Пријавувањето се одвива директно на следниот линк:
- Уметнички престој во Каунас, Литванија во март 2018 година. Повикот е отворен до 28 декeмври 2018 година. Пријавувањето се одвива директно на следниот линк:
- Уметнички престој во Ливерпул, Велика Британија во февруари-март 2018 година. Повикот е отворен до 28 декeмври 2018 година. Пријавувањето се одвива директнона следниот линк:
- Отворен повик за учество на дуалната изложба „ГРАНИЦИ“ каде може да учествуваат уметници од Ваљадолид, Шпанија и останатите градови од CREART мрежата. Изложбата ќе биде отворена на 9 март 2018 година во музејот Патио Херера во Ваљадолид. Повикот е отворен до 30 декември 2017 година. Пријавувањето се одвива директно на следниот линк:
Повеќе информации за самиот проект „Creart2 и повиците можете да превземете од интернет страницата на проектот: https://creart2-eu.org. Ги покануваме уметниците да се пријават за учество. Изборот на најсоодветни кандидати ќе го вршат градовите во кои одвива активноста.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
