ПОТПИШАН АНЕКС НА МЕМОРАНДУМОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА СКОПЈЕ 21.12.2017
Градоначалникот Петре Шилегов, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, амбасадорот на Република Франција во нашата земја, Христијан Тимоние и претставникот на компанијата „ЕЖИС“, Мирослав Влахов денеска потпишаа анекс на Меморандумот на разбирање за студијата за финансирање, изградба и работа на Централната станица за третман на отпадни води за град Скопје. Со потпишувањето на овој анекс се одредува временската рамка за преостанатите активности и зголемувањето на грантот за финансирање на овој проект.
- Со потпишувањето на овој Анекс на Меморандумот се одредува временската рамка за преостанатите активности и зголемувањето на грантот за финансирање на овој проект. Владата на Република Франција обезбеди дополнителни 197.863 евра, со што вкупниот износ на грантот сега изнесува 927.182 евра. Овој проект го спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање, а корисник е Градот Скопје, преку ЈП „Водовод и канализација“ - рече денеска градоначалникот Шилегов.
Шилегов објасни дека жителите на Скопје по завршувањето на изградбата конечно ќе добијат пречистителна станица во согласност со европските директиви, а воедно и контрола и третман на водата што се испушта во реката Вардар. Целта на проектот, рече Шилегов, е намалување на ризиците од загадување и подобрување на севкупната чистота на градот.
- Поддршката од Владата на Република Франција е од исклучителна важност за унапредувањето на животната средина во насока на усвојување на европските стандарди од оваа област. Затвораме едно клучно прашање за животната средина. Третманот на отпадните води е наш висок приоритет. Ќе го подигнеме степенот на чистотата на водата во реката Вардар и дополнително ќе придонесеме за заштита на подземните води во Скопската котлина, кои се користат за наводнување и за пиење – нагласи градоначалникот Петре Шилегов.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, изрази благодарност до француската Влада и до Амбасадата на Република Франција за поддршката што ја даваат на Република Македонија за изработка на „Студија за финансирање, изградба и работа на пречистителна станица за отпадни води за Скопје.“
За амбасадорот Христијан Тимоние, пак, потпишувањето на овој документ обезбедува континуитет на напорите од 2014 година за реализација на овој амбициозен проект и е доказ за капацитетите на Владата на Република Македонија и на Град Скопје за добра соработка и решавање на најсуштинските проблеми на граѓаните.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
