АПРИЛИЈАДА 2017 НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ 03.4.2017
Детски културен центар Карпош и Град Скопје за утре /1 април 2017 година, сабота/ од 11 до 13 часот на Плоштад Македонија, организираат невидена детска журка „Априлијада 2017-Скопје се смее“, за сите градинки, училишта и деца од град Скопје и од околината.
Во дневниот дел од забавата со маски, принцовите, принцезите, кловновите, самовилите и сите ликови од цртаните филмови ќе ги забавуваат фолклорната секција и балетската секција на ДКЦ „КАРПОШ“, децата од Златно славејче и Танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.
Ноќната забава ќе почне во 20 часот, а на Плоштад Македонија ќе настапат: Андријана Јаневска, Мартија Станојковиќ, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу и групата-BRASS BROTHERS. Маскираните посетители ќе продефилираат на сцената, ќе има и други изненадувања, да не откриваме се, а за крај и настап на Диџеј.
Како и изнинативе години Детски културен центар Карпош со конкурси ги повика основните и средните училишта да учествуваат во манифестацијата и да се натпреваруваат за најубава маска и карикатура за коишто ќе им додели вредни награди и дипломи во своите простории, а во вечерниот дел од манифестацијата на бината ќе продефилираат учениците од средните училишта со групни маски, а учесниците во најдобрата групна маска ќе добијат и вредна награда.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
