НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖУВА АПРИЛИЈАДА 2016 15.4.2016
![]() |
![]() |
![]() |
||
![]() |
![]() |
![]() |
Денеска, на Плоштад Македонија, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, беа дел од најголемата детска забава под маски „Априлијада 2016-Скопје се смее“, што традиционално ја организираат Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје.
- Под мотото СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ, секоја година го одбележуваме 1 април, денот на шегата и на овој начин и нашето Скопје се приклучува кон сите европски градови коишто го прославуваат овој ден.
Денеска, од претпладневните, па се до доцните вечерни часови, граѓаните на Скопје, од најмала, па до најстара возраст ќе се забавуваат, дружат и шегуваат. Први април е денот кога децата, учениците, студентите и граѓаните на Скопје, можат да се маскираат во бетмени, кловнови, принцези и принцеви, односно во омилените ликови од цртаните филмови и стрипови, истакна градоначалникот Трајановски.
Првиот дел од манифестацијата „Априлијада“-Скопје се смее е наменета за сите училишта, градинки, деца и граѓани на град Скопје и на околината. Во дневниот дел од забавата со маски, продефилираа многу принцови, принцези, кловнови, Маши, самовили, Супермени и Бетмени.
За присутните деца настапија и фолклорната секција и балетската секција на ДКЦ „КАРПОШ“, децата од Златно славејче и Танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.
Ноќната забава ќе почне во 21 часот, на Плоштад Македонија ќе настапат: Пиреја –Етно бенд, Коста Костовски, Кристина Арнаудова,Сашо Гигов –Гиш, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу, Биљана Дабеска, Групата- THE NOISE MAKERS, маскирани посетители ќе продефилираат на сцената, ќе има и други изненадувања, да не откриваме се, а за крај и настап на Диџеј.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ






