СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА САРАЈ 10.6.2017

 

 

 

 

Екипите на Град Скопје денеска /12.04.2017 година/ ја асфалтираат улицата Сарај, чијшто коловоз во изминатиов период се реконструираше на потегот од храмот „Света Злата Мегленска“ до патот што води кон село Љубин.

Во оваа прва фаза од проектот за реконструкција на коловозот на улицата Сарај се обновени 665 метри од оваа значајна сообраќајница.

Во текот на градежните работи на улицата Сарај беше изгребан постојниот и оштетен асфалт, целосно беше обновен носечкиот слој и се нанесува нов асфалт. Се уредуваат и тротоарите по должината на улицата, а нивелирани се и шахтите и сливниците.

Градот Скопје за овој зафат што во голема мера ќе ја зголеми безбедноста во одвивањето на сообраќајот, а на улицата ќе и даде нов и уреден лик, ќе одвои околу 5 милиони денари. На терен работат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ АД Гостивар.

Во Градот Скопје се работи на подготовките за реализација и на втората и на третата фаза од проектот за реконструкција на улицата Сарај, со што оваа значајна сообраќајница ќе биде реконструирана и ќе добие нов изглед на потегот од храмот „Света Злата Мегленска“ до раскрсницата со локалниот пат - локалитет Матка и клучка Тетово.